Јункер: Грција треба да избегне „погрешен резултат“ на изборите

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ја предупреди Грција да не дозволи „крајни сили“ да влезат во власта, објави весникот „Катимерини“.

Во првата изјава за електронското издание на „ЕУ Обзервер“, по одлуката на грчката Влада да ја забрза процедурата за избор на нов претседател, Јункер истакна дека би сакал во власта да влезат „соодветни лица“.

– Би сакал Грција да биде управувана од луѓе, чиј поглед и срце се насочени кон послабите и кои можат да го разберат значењето на европските процедури. Секоја партија, која се јавува на избори, треба да може да одговори на тие стандарди и не сакам да ги коментирам шансите кои ги има едната или другата политичка сила, но би преферирал во власта да влезат „соодветни луѓе“, рече Јункер, алудирајќи на кандидатот за претседател Ставрос Димас, кој порано беше еврокомесар.

На прашањето дали партијата СИРИЗА и нејзиниот лидер Алексис Ципрас би можеле да се квалификуваат како „крајни сили“, Јункер вели: „Сметам дека Грците, кои преживеаја тешки години, знаат многу добро што значи еден погрешен изборен резултат“

Порано оваа седмица ЕК преку својата портпаролка Аника Брајтхард изрази поддршка за Ставрос Димас, истакнувајќи дека неговиот избор е силна порака за Европа, бидејќи „бил еврокомесар и е убеден Европеец“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен