Пренаталната изложеност на фталати од пластиката во новата студија спроведена во САД, е поврзано со понизок коефициент на интелегенција кај децата.
Научниците од Универзитетот Колумбија во Њујорк, додаваат дека нивните наоди се однесуваат на фталатите DnBP и DiBP, присутни во низа производи од пластика.
Во истражувањето се користени податоци собрани од 328 деца на возраст од седум години и од нивните мајки, на кои присутноста на фталати во организмот им била мерена во последните три месеци на бременоста.
Се покажало дека децата со најголема пренатална изложеност на фталати имале просечно седум бодови понизок коефициент на интелегенција во однос на децата со најмалку пренатална изложеност на фталати.
Поголема изложеност на фталати била поврзана и со послаби резултати на тестирањата на помнењето и визуализирање и разбирање на невербални информации, пишува научното списание „Plos One“.