Европскиот суд за човекови права ја отфрли жалбата на Адриан Настасе за пресудата за корупција

Од:

Европскиот суд за правата на човекот ја отфрли жалбата на поранешниот романски премиер, социјалдемократот Адриан Настасе, против неговата пресуда со која беше осуден за корупција, соопштија романските медиуми.

Во јуни 2012 година Настасе беше осуден на две години затвор под обвинение дека незаконски ја финансирал својата предизборна претседателска кампања во 2004 година.

Со тоа, тој стана првиот романски премиер кој е осуден за корупција.

Настасе беше обвинет дека ја финансирал својата неуспешна предизборна кампања со средства собрани во рамки на симпозиумот „Трофејот на квалитетот“, организиран од Државниот инспекторат за градежништво.

Парите биле дадени под форма на партиципација за учество на симпозиумот.

Средствата отишле на сметката на фирма, блиска до фамилијата Настасе, која била партнер на Државниот инспекторат за градежништво во организирањето на овој симпиозиум.

Настасе се пожали пред Европскиот суд за правата на човекот дека пресудата е резултат на некоректна процедура, а неговото осудување со затворска казна и последиците од пресудата  го лишиле од можноста да има нормален семеен живот, довеле до загуба на професионалнате и политичка кариера, што, заедно со негативниот ефект во медиумите, претставувале „уништувачки однос“ што довел и до неговиот обид за самоубиство.

Настасе си пукаше во вратот кога полицајци пристигнаа во неговиот дом за да го однесат во затвор.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ