Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер ќе биде отворена изложба на дела на уметникот Александар Филев насловена „Црвениот бик“.
Филев досега имал самостојни изложби во Струмица и Штип, а учествувал и во повеќе групни изложби. Учествувал и во изработката на мозаиците во Пелинце по повод 60 годишнината од АСНОМ.