Два натпревари од Светскиот куп во скијачки скокови и два од Светскиот во нордиска комбинација планирани за февруари во Чешка денеска се откажани.
Како што соопшти Светската скијачка федерација (ФИС), натпреварувањата нема да се одржат поради организациски причини.
ФИС не кажа конкретни детали, но првиот човек на Чешката федерација Лукас Соботка за тамошната новинска агенција изјави дека откажувањата се случија поради недостаток на финансиски средства.