Британец од азиско потекло обвинет за модерно ропство и силување

Од:

Британската полиција денеска и формално го обвини 74-годишниот Аравиндан Балакришнан,Британец од азиско потекло за модерно ропство,за противправно затворање,силување и насилство врз деца.

Обвинетиот се товари за суровост кон лице помладо од 16 години,за четири случаи на силување и за 19 случаи на сексуално насилство.

Неговите кривични дела се направени кон три жени,од кои една Британка на триесетина години,Ирка на 50 годишна возраст и Малезијка која сега има 70 години.

Сите три жени беа спасени со интервенција на полицијата во лондонската населба Брикстон,во октомври минатата година,откако Метрополитен полицијата разбра дека тие се чуваат како „робинки„ во една куќа.

Во ноември 2013 година,Балакришнан беше откриен и уапсен,а заедно со него беше уапсена и неговата сопруга.Но во соопштението за подигнување обвинување кон нејзиниот сопруг се вели дека таа е ослободена од натамошно кривично гонење,затоа што не се најдени докази дека била вклучена во кривичните дела што ги има направено Балакришнан.

Обвинувањето за нелегално задржување и ропство,се однесува за период од 14 години,од 1999 до 2013 година.Силувањата се случувале меѓу 1980 и 1983 година,додека сексуалното насилство е регистрирано во времето меѓу 1980 и 1992 година.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство