Сенаторите со 154 гласови за и 146 против денеска изгласаа резолуција со која бараат признавање на Палестинска држава, јавува дописникот на МИА од Париз.
Резолуцијата беше поддржана од социјалистите, еколозите и комунистите, но таа исто како и резолуцијата изгласана претходно од Француското национално собрание е со симболично значење.
За предлагачот, сенаторот Жилбер Роже, признавањето на палестинската држава е „прв чекор за воспоставување на рамномправи односи меѓу Изрел и Палестинците“ и „ sine qua non услов за отворање на преговори“.
Инцијативата на француските парламентраци е дел од глобалното движење во Европа, кое смета дека признавњето на палестинската држава е средство за притисок за релансирање на мировниот процес и спасување на решението за две држави.