Охриѓанец тешко повреден при расправија со негов пријател

Од:

Едно лице се здоби со тешки телесни повреди во оружен напад што се случи рано изутринава во Охрид. Триесетгодишниот А.Р. се здобил со повреди во пределот на стомакот, левата рака и лицето откако пристигнал во домот на неговиот пријател В.К.

Инцидентот се случил во 01:30 часот кога В.К. и дал на сопругата на повредениот завиткана хартија во која имало бела прашкаста материја.

По ова реагирал повредениот А.Р. кој го оттурнал В.К. по што настанала вербална расправија. При обидот да заминат, на скалите од куќата, В.К. со нож мачета со сечило долго 40 сантиметри замавнал неколку пати кон А.Р. и му нанел повреди по стомакот, левата рака и образот.

СВР – Охрид во текот на денот го приведе В.К. по што против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски