Животот со дете кое се уште не знае да зборува може да биде многу напорен, но од друга страна и многу забавен. Следуваат неколку ситуации во кои ќе се пронајдат многу мајки и татковци.
Поголем број од бебињата својот прв збор го изговараат околу 14. месеци, а до вториот роденден фондот на зборови се проширува до 50, што не е доволно за вистинска комуникација. Сепак ова не значи дека бебињата не разбираат што се случува околу нив.
Додека се обидувате да дознаете што сака вашето дете да ви каже, ние се потрудивме да ви олесниме:
1. Да, реков дека сакам макарони. Те гледам додека ги подготвуваш и еве сега се пред мене, но сега ти велам дека сакам супа. Се предомислив. Навистина не гледам во што е проблемот.
2. Престани да ми помагаш. Јас ова го можам сам. Да, токму така сакав – да носам панталони наместо капа. Токму ваков изглед сакав да постигнам. И ПРЕСТАНИ ДА МИ СЕ СМЕЕШ!.
3. Гледај во мене. Нема да седнам во тоа авто-седиште без кавга. Сакам да видиш колку гласно можам да врескам.
4. Да, ти понудив четкичка, но всушност не требаше да ја земеш. Секако дека плачам. Ми го уништи мојот цртеж. И не, сега не ја сакам назад. Сакав воопшто да не ја земеше. Овој ден е уништен.
5. Да, забележав дека надвор се уште не се разденило, но ти велам – дека е утро. А сега стани од креветот и дојди да ми помогнеш со оваа сложувалка!
6. Која кака? На сред дневната соба? Не, немам поим за што зборуваш. Тоа нема никаква врска со мене.
7. Ти благодарам што ме учиш да речам пенис и вагина. Нестрплив сум да им кажам на баба и дедо. И на соседите. И продавачките. Сакам да ги импресионирам луѓето со нови зборови. ВАГИНА!
8. Знам дека реков дека сакам да одам, па ја оставила количката дома. Не знам што да кажам, се предомислив. Сега љубезно однеси ме дома.
9. Ако во истиот момент не станеш, ќе бидам принуден да го изведам мојот специјален зафат на тебе. Кој зафат? Ти седнувам на галва, додека не станеш. Станувај!
10. Мислам дека знаеш колку што знам и јас дека мораме да земеме сите овие гранки и камчиња дома. Би ми било тешко да го изберам омилениот. А сега отвори ги џебовите!