Порошенко ја моли Русија да ги повлече своите сили

Од:

Украинскиот претседател, Петро Порошенко апелира Русија да ги повлече своите сили од Украина.

-Ве молам да го прекинете огнот и да ги ослободите заложниците. Ве молам повлечете ги своите сили од мојата територија – рече Порошенко во Сиднеј.

Тој оцени дека повлекувањето на руските сили од украинска територија би довело до воспоставување на мир.

-Ве молам затворете ги границите. Ветувам дека во рок од една, две или три недели ќе имаме мир и стабилност во Украина. Тоа е многу едноставно -наведе украинскиот претседател, кој доби поддршка во Сиднеј за овој судир.

Инаку ситуацијата на исток на Украина е мирна по договорот за прекин на огнот кој стапи на сила во среда.

Мировните преговори за прекин на судирите помеѓу украинската војска и проруските бунтовници, кои требаше да бидат одржани во Минск се одложени, а новиот датум не е соопштен.

Ова е четврто примирје за време на осуммесечните судири во Украина, во тек на кои според ОН загинаа повеќе од 4.300 лица, а повеќе стотици илјади ги напуштија своите домови.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион