Дваесет и петгодишниот Н.Б. од Зајас го загуби животот откако џипот кој го управувал, се превртел на локалниот пат Гостивар-Симница. Во возилото превезувал дрва за огрев, кои го нагмечиле, а од здобиените повреди починал на самото место.
Според информациите на СВР Тетово, несреќата се случила утрово околу 3:30 часот во близина на депонијата Сушички Мост, кога Н.Б. со „шевролет-блејзер” се движел кон Гостивар. Од засега неутврдени причини изгубил контрола и се превртел.
По пријавувањето на несреќата, на терен излегле и пожарникари со чија помош било извлечено телото на возачот. По извршениот увид, по наредба на јавен обвинител, телото на Н.Б. е дадено на обдукција.