Сноуден: ЦИА извршувала невидени злосторства

Од:

Поранешниот агент на американската Агенција за национална безбедност, Едвард Сноуден изјави дека САД извршиле невидени злосторства, кои детално се опишани во објавениот извештај на Комисијата за разузнавање на американскиот Сенат.

Сноуден се вклучи со видео линк на конференцијата во Париз, организирана од Амнести интернешнл, изјавувајќи дека е „длабоко ожалостен и мошне лут“ поради тоа што го прочитал во извештајот.

– Истрагата на Сенатот и извештајот кој е објавен се исклулитечни од повеќе причини. Се што правевме во рамки на оваа програма е неопростливо злосторство. Видовме лица, кои ги загубиле животите поради третманот, кој го имале со таа програма за тортури, рече Сноуден.

– Доколку САД дозволуваат такви методи и не водат сметка за нив, што тоа може да значи за другите тоталитарни држави во Азија, Африка и другите земји ширум светот, праша Сноуден.

– Тоа се работи кои оставаат дамка на моралниот авторитет на Владата на САД и ако кривични не ги гониме, туку и натаму сметаме на нив, тогаш не можеме да напредуваме како општество, рече Сноуден.

Би можело да ве интересира

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

Шефот на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските закани за нуклеарна ескалација

Горан Наумовски

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

ЦИА: Украина има намера да задржи дел од освоената руска територија на некое време

ВИДЕО: Шефот на ЦИА се сретна со Кури во Приштина

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел