Т-Мобиле Македонија ја информира јавноста дека на ден 10.12.2014 година поради технички проблем дојде до краток прекин на сите услуги во мобилната мрежа во периодот од 12:35 до 12:50 часот. Прекинот на услугите го почувствуваа корисниците на цела територија на град Скопје и поголем дел од територијата на Република Македонија.
Говорните услуги се во целосна функција, додека мобилниот интернет сеуште работи со одредени потешкотии на територијата на Република Македонија и нашите стручни тимови работат на негово нормализирање во најскоро време. Т-Мобиле Македонија се извинува за настанатите пречки и како и секогаш максимално брзо и ефикасно ќе реагира во сите ситуации за непречено користење на услугите кон граѓаните.