Србин си ја продал жената за 1.500 евра

Од:

Српската полиција покрена обвинение против еден жител на Нови Сад бидејќи си ја продал бремената жена за 1.500 евра.

Мажот од Нови Сад ја продал жената во четвртиот месец од бременоста на жител од Крушевац поради тешката материјална состојба. Планот бил таа извесен период да претстојува во семејството, а потоа да побегне. Жителот на Крушевац ја купил жената за да му роди дете на неговиот син, а ја држел заклучена, поради што таа не можела да побегне.

Откако не успеал планот за бегство, мажот што ја продал сопругата јавил во полиција дека таа е киднапирана.

Но, полицијата утврдиле дека се работи за трговија со луѓе и подигна обвиненија против посредниците при купувањето, како и против продавачот и купувачот.

Согласно Кривичниот закон на Србија трговијата со луѓе предвидена е затворска казна од две до десет години.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски