Војската на Северна Кореја вети дека ќе ја крене во воздух новогодишната елка, која властите од соседна Јужна Кореја сакаат да ја постават на заедничката граница, бидејќи тоа според нив е само средство за психолошка пропаганда.
До 2004 година јужнокорејските власти редовно го осветлуваа тоа новогодишно дрво, а светлоста се гледала и во Северна Кореја.
Церемонијата на палење светулки на елката не се одржува веќе десет години, бидејќи и двете страни се согласија да се воздржат од провокации во пограничните подрачја.
Меѓутоа на почеток на декември Сеул изрази желба да ја обнови традицијата.
Е. Г.