Џихадисти: „Валканата бомба“ е веќе во Европа

Од:

„Радиоактивната направа веќе се наоѓа во Европа“, напиша на својот профил извесен Муслим Ал Британи, наводен експерт за оружје кој работи за ИСИС.

Ова тврдење е објавено само неколку дена откако ИСИС објави дека поседува таканаречена „валкана бомба“.

Според наводите, материјалот за изработка на ова оружје џихадистите го украле од универзитетскиот истражувачки центар во ирачкиот град Мосул.

Ал Британи уште на 23-ти ноември на „Твитер“ објави дека ИСИС поседува валкана бомба, но тие негови тврдења не е можно да се проверат, бидејќи неговиот налог на оваа социјална мрежа е избришан.

Официјални лица од американската влада порано изразија загриженост дека припадниците на ИСИС би можеле да прокриумчарат нуклеарен и радиоактивен материјал од Ирак.

Официјален Багдад во јули ја информираше јавноста дека милитанти украле околу 40 килограми ураниум од Мосул, што не е доволно за изработка на вистинско атомско оружје, но може да послужи како радиоактивен материјал за валкана бомба.

Поранешниот советник во Пентагон, Мајкл Рубин вели дека на овие закани треба да им се обрне големо внимание.

-Противтерористичките служби често се фокусираат на спречување терористички напади, додека терористите цело време работат на нови методи-изјави Рубин.

Тој додаде дека им е познато дека терористичките групи имаат доволно мотив за напади и дека сега благодарение на вакумот кој настана со повлекување на трупите од Ирак имаат и средства да извршат напади на Запад .

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани