Десетина приведени во полициска акција во западна Македонија

Од:

Повеќе од 10 лица се приведени, а неколкумина се во бегство, во полициската акција која трае во западна Македонија, главно во Гостивар и околината. Запленети се и 20 – тина луксузни возила.

Како што изјави за МИА помошник министерот во МВР Иво Котевски се работи за членови на поголема кримнална група која подолг период наназад на подрачејто на западна Македонија вршеле тешки кривични дела како што се насилство, лихварство, изнуда, перење пари и низа други кривични дела.

Меѓу осомничените има и адвокати и извршители, кои им помагле на членовите на криминалната група.

Еден од осомничените при претресот во неговиот дом почнал да пука кон полицијата, но, нагласи Котевски, во инцидентот нема повредени лица.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина