Истражувачите од Империјал Колеџ Лондон идентификувале механизам кој во мозокот ја поттикнува желбата за внесување храна која содржи глукоза.
„Journal of Clinical Investigation“ пишува дека новите наоди можат да го унапредат развојот на третманите за дебелина.
Новите експерименти спроведени врз лабораториски животни укажале на постоење механизам кој ја следи количината на глукоза достапна во мозокот и во случај на потреба поттикнува дополнителен внес на слатка храна.
При тоа како пресудно се покажало влијанието на ензимот глукокиназа на хипоталамусот.
Глукозата е главен извор на енергија за мозочните клетки.