Четири репрезентации изборија пласман во следната фаза

Од:

Четири репрезентации изборија пласман во главната фаза на Европското првенство во ракомет за жени што се одржува во Унгарија и Хрватска.

По вчерашните натпревари од 2.коло тоа се селекциите на: Шпанија и Унгарија (А група) и Данска и Норвешка (Б група).

На дуелите во А групата во Ѓер, ко-домаќинот Унгарија ја победи Полска со 29:23, додека Шпанија го оствари и вториот триумф совладувајќи ја Русија со 25:24.

Во Б групата во Дебрецин, Романија и Данска одиграа нерешено 29:29, а Норвешка ја победи Украина со 34:23.

Табела А група: Шпанија 4 бодови, Унгарија 3, Русија 1, Полска 0.

Табела Б група: Норвешка 4 бодови, Данска 3, Романија 1, Украина 0.

Денеска се играат дуелите од 2.коло во групите Ц (Вараждин) и Д (Осиек).

Двојките се: Холандија – Шведска и Хрватска – Германија (Ц група) и Србија – Франција и Црна Гора – Словачка (Д група).

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска