Закана за средношколците: Ќе паднете на матура ако одите на протест

Од:

По празничниот состанок на директорите во училиштето Јосип Броз Тито со еден претседател на општинска организација на ВМРО-ДПМНЕ, почнаа да се спроведуваат директивите за да се спречи приклучување на средношколците на протестот.

plenum0Средношколците алармираат дека уште вечерва им се закануваат да не одат на протестот на студентите, дека ќе им се намалат оценките, ќе се соочат со намалено поведение. Класни раководители се јавувале телефонски по ученици и се заканувале дека ќе паднат на матура . Најсигурно е дека една од наредбите е да се заклучат влезните врати на училипштата за да не можат учениците да се приклучат на стдентскиот марш.

plenum

А1он вчера објави една снимка од пред почетокот на средбата на директорите каде ги добија овие насоки. Снимката беше од еден читател.

„Снимав од далеку, за да има некаков доказ за тоа како во нашата држава, преку директорите, се убива слободната мисла кај учениците. Не свикаа за да ни одржат лекции и да ни дадат задачи како да постапуваме по повод Студенсткиот марш. Треба да направиме се, што помалку ученици да се приклучат на студентите. Многумина од нас се засрамени од ова, но сите молчат од страв. А дека се работи за партиски состанок, докажува и присуството на еден претседател на општинската партиска организација. Ова би требало се да ни каже, каков беше овој собир“, ни напиша еден од присутните.

Претседателката на општинската организација се гледа на снимката како доаѓа на состанокот со директорите на училиштата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар