Ставрос Димас кандидат на грчката влада за претседател на земјата

Од:

Поранешниот еврокомесар и член на десничарската партија Нова демократија Ставрос Димас (73) денеска беше номиниран од премиерот Андонис Самарас за кандидат на владејачката коалиција за претседател на Грција.

Ставрос Димас е можно најдобриот кандидат за функцијата претседател на Републиката, изјави Самарас во телевизиско обраќање.

Според Самарас изборот на претседател од Парламентот, чиј прв круг е закажан за 17 декември, треба да заврши до крајот на декември.

Планот за избор на нов претседател од парламентот предвидува тоа да се изврши во првото тримесечје на 2015 година. Грчката влада синоќа сепак одлучи да ја забрза постапката за избор на претседател, закажуавајќи го првиот круг за 17 декември.

Ако на првиот круг не биде избран нов претседател ќе има ново гласање на 23 декември, а ако тоа не биде успешно, на 29 декември ќе се одржи трето.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит