Со натпреварите одиграни синоќа беше комплетирано првото коло од Европското првенство во ракомет што се одржува во Унгарија и Хрватска. Европскиот шампион Црна Гора со победа ја почна одбраната на титулата и тоа во дуелот со Србија. Во Осиек Црна Гора славеше победа со 22:19.
На вториот натпревар од Д групата Франција ја победи Словачка со 21:18.
Лош старт имаше ко-домаќинот Хрватска, која во Вараждин загуби од Шведска со 30:28, додека во вториот дуел од Ц групата Холандија ја победи Германија со 29:26.
Попладнево се играат натпреварите од 2.коло во групите А (Ѓер) и Б (Дебрецин).
Во А групата двојките се: Русија – Шпанија и Полска – Унгарија, додека Б групата ќе играат: Романија – Данска и Украина – Норвешка.