Притисок на ЕУ врз Турција за целосно вклучување во борбата против ИД

Од:

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини допатува во посета на Анкара, со цел да изврши притисок врз Турција целосно да се вклучи во борбата на меѓународната заедница против џихадистите на Исламска држава (ИД).

Брисел бара од турските власти да го спречат слободното минување на милитантните исламисти преку територијата на Турција, како и префрлање на џихадистите од западните земји во Сирија, минувјќи ја слободно турско-сириската граница.

Во разговор за Би-Би-Си, Могерини истакна дека иако сириската криза не може да се реши во Брисел, сепак ЕУ може „многу да придонесе“ за надминување на целата ситуација.

ЕУ сака од турските власти да помогнат во идентификација на џихадистите кои одат на фронтот во Сирија и Ирак, минувајќи преку територијата на Турција за да им се приклучат на џихадистите од ИД, како и да им ги пријавуваат на европските држави „опасните ситуации„ со таквите луѓе на авионските компании.

Дипломати во Брисел,чиј идентитет не се открива, изјавиле за ББЦ дека ЕУ бара од Турција да не остане само посматрач на она што се случува околу дејствувањето на ИД и на другите исламски милитанти во реонот на Блискиот Исток,туку да помогне во запирањето на нивното „слободно движење низ регионот„.

Турција од своја страна бара од земјите на ЕУ од каде се регрутираат џихадисти да ги спречуваат потенцијалните исламски милитанти да тргнат на пат за фронтот.

Официјална Анкара иако формално е член на меѓународната колаицијата, предводена од САД, таа не дозволува американските авиони да ја користат турската територија за напади врз позициите на ИД во Сирија и Ирак и бара од Западот воспоставување зона за забранети летови над граничниот реон кон Сирија, што другите членки на коалицијата не го прифакаат. Турција е најактивна во помагањето на сириските бунтовници за соборување од власт на претседателот Башар ал Асад, но тврди дека не ги помага џихадистите.

Во разговорите на Могерини во Анкара, предвидено е да стане збор и за вклучувањето на Анкара во санкциите кон Русија и покрај забрзаното затоплување на односите меѓу Турција и Русија по минатонеделанта посета на претседателот Владимир Путин на Анкара.

Со турските домаќини, Федерика Могерини разговара и за членството на Турција во ЕУ. Преговорите за членство се отворени уште во 2005 година, но тие сега се во целосен застој поради турското несогласување околу статусот на Кипар, како и затоа што дел од земјите на ЕУ се против турското членство во Унијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ