ФОТО: Ноќна акција на студентите со пораки до ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Од:

Ноќеска градот беше преплавен со плакати и пораки од студентите до граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. За партиите јасна порака дека не сакаат партиски да ги поистоветуваат. Но во исто време пораката до сите студенти и ученици, професори и родители и сите граѓани е да се придружат на студентскиот марш во среда во 12 часот.

Студентите кои се противат на државниот испит и реформите на владата синоќа поставија пораки пред штабовите на ВМРО-ДПМНЕ во Битола и пред штабот на СДСМ.

На ВМРО-ДПМНЕ му порачаа Есктерно за Владата.

1384337_634486776677090_7191114237299831340_n 10730995_634486753343759_909270077534994717_n

На СДСМ му порачаа – Не сме ваши полтрони!

1509118_634486406677127_4488919087761409473_n

Постојат луѓе кои се борат и работат и оние кои ја собираат славата за направеното“ (Ганди)

Би сакале уште еднаш да потенцираме дека нема да дозволиме да бидеме прибрани под ниту едно партиско милје. Нашите барања ја надминуваат партијата, тие се нешто повеќе. Како значаен општествен сегмент, како студенти (академски граѓани), сакаме да ја потенцираме нашата интелектуална независност, нашата слободна и критичка мисла која не е диригирана од ниту една популистичка агенда, туку е последица на разумноста и обмисленоста. Нашиот органон се аргументите, кои не се насочуваат против партиите туку против неправдата. Затоа ве замолуваме да ја почитувате нашата решителност, пишува во материјалот кој синоќа е оставен од студентите низ Скопје.

Би можело да ве интересира

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки