ВИДЕО: Судири меѓу полицијата и демонстранти во Атина, 211 приведени

Од:

Најмалку 211 луѓе се приведени поради предизвикување немири во Атина за време на протести организирани по повод годишнината од инцидентот во кој полицијата пред шест години уби невооружен тинејџер во грчката престолнина.

Неколку илјади луѓе синоќа одржаа протестен марш низ Атина до местото каде беше убиен тинејџерот, но набрзо почнаа немири во кои беша оштетени продавнци и автобуски станици.

Дел демонстранти провалија во продавница за облека Зара по што изнесоа голем број предмети на улица и ги запалија. Полицијата успеа да ги ограничи немирите во делот Ексархија по што употребија солзавец.

Судири меѓу полицијата и демонстранти имаше и во Солун каде хулигани претепаа двајца полицајци во цивил по што реагираше полицијата со солзавец и шок-бомби.

Тинејџерот Александрос Григоропулос беше убиен во декември 2008 година по вербален судир со полицијата. Неговата смрт предизвика двонеделни немири, најмасовни во Грција во изминатите неколку децении.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит