Американката Линдзи Вон која минатата година пропушти голем дел од сезоната поради повреда се врати на тронот.
Таа на вториот спуст во Лејк Луис им покажа на сите дека вчерашното 8. место било само подготовка за денешниот успех.
Вон беше најбрза и далеку пред Мазе и Фенингер кои денеска немаа свој ден и беа далеку полоши од вчерашната трка.
Линдзи имаше време од 1 минута 50 секунди и 48 стотинки со што беше побрза за 49 стотинки од Стејси Кук и 57 од Џулија Манкусо. Инаку, ова е троен подиум за САД.