5-кратниот светски шампион во снукер, Англичанецот Рони О’Саливен му се одмазди на сонародникот Стјуарт Бингам за минатогодишната елиминација од Шампионатот на Обединетото Кралство.
Со оваа победа О’Саливен обезбеди финале во кое ќе игра против Стивен Мегваер или Џад Трамп кои својот натпревар го играат вечерва.
Во еден исклучително неизвесен меч во кој Бингам поведе со 4:1, „Ракетата“ успеа да се врати и во финалниот 11 фрејм да слави.
Претходно во 16-тинафиналето против Селт, Рони направи максимален брејк од 147.