Грција и Турција ветија надминување на меѓусебните проблеми

Од:

Премиерите на Грција и на Турција, Андонис Самарас и Ахмет Давутоглу, ветија денеска дека заедно ќе работат за надминување на несогласувањата меѓу двете држави, вклучувајќи го и проблемот со поделениот остров Кипар.

На третата средба на грчко-турскиот Совет за соработка на високо ниво, двајцата премиери се согласија да соработуваат по повеќе прашања, меѓу кои и енегретиката, сообраќајот и туризмот. Тие потпишаа 46 договори за соработка за време на дводневната посета на Давутоглу на Атина.

Турскиот премиер пристигна вчера во посета на Атина, придружуван од девет министри и 200 бизнисмени, во момент кога односите меѓу Грција и Турција се затегнати поради настојувањето на Анкара да продолжат истражувањата за гас и нафта во економската зона на Кипар, што според грчкиот премиер претставува „нарушување на суверенитетот на островот“ од страна на Турција.

– Ние ја разбираме одлуката на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис да ги прекине преговорите за обединување на островот додека проблемот не се реши. Верувам дека тоа ќе се случи брзо и преговорите ќе бидат обновени, истакна Самарас.

Давутоглу нагласи дека сите страни ќе имаат корист од наоѓалиштата на гас и нафта во источниот дел на Средоземното Море доколку се најде решение за кипарскиот проблем.

– Натамошното зближување на двете страни ќе придонесе за развој на источното Средоземноморие, додаде турскиот премиер.

Самарас од своја страна потенцира дека подобрувањето на односите меѓу Атина и Анкара може да помогне за зголемување на трговската размена.

Неколку илјади полицајци беа ангажирани во грчкиот главен град за време на посетата на Давутоглу, која се совпадна со одбележувањето на годишнината од убиството на еден тинејџер од страна на полицијата во 2008 година.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата