(ВИДЕО) СДСМ: Владиниот секретаријат претрупан, влече над 14 милиони евра годишно

Од:

Со новите 194 лица во Генералниот секретаријат на Владата, бројката на вработени во ова неколку илјадно владино тело, само во последните две години, се зголеми за нови 551 лице, рече Љупчо Николовски.

Бидејќи во огласите беа побарани лица без работно искуство, кои треба да го исполнат условот да се способни да работат под притисок, а од Владата до сега нема поконкретни информации какви се тие работни задачи за кои не треба искуство, ама треба издржливост за притисоци, може само да се претпоставува за какви вработувања станува збор.

Тоа што е факт е дека во следната 2015 година, само за лицата од новиот оглас ние граѓаните ќе платиме 1.047.350 евра.

За последните над 500-тини вработени во секретаријатот, на годишно ниво, од Буџетот се излеваат неверојатни 3.034.395 евра. Овде не се пресметани договорите на секретаријатот за набавка на услуги за привремено вработување лица, во износи од над милион евра.

Преку секретаријатот, секоја година се примаат и околу нови 500-тини лица по Рамковен договор. Таа бројка според достапните огласи од 2008 година е 3 334 лица.

И за нив, никој не знае дали работат, каде и што работат или седат дома.

Но се знае дека примаат плата и дека за нив, ние граѓаните даваме 9 милиони евра годишно.

Или, сумирано, за само овие споменати вработувања Владата годишно влече најмалку 13 милиони евра народни пари!

Овде не се пресметани ангажманите во Канцеларијата на Никола Груевски. Само во последните 12 месеци, од достапните огласи, во неа се отворени 67 позиции, од коишто, најголем дел, за советници на премиерот. Само овие нови луѓе околу премиерот, ги чинат државата и граѓаните дополнителни околу 570 илјади евра годишно.

Овде не пресметани ни ангажираните на огласите за нерезидентни промотори, правници, кадри за поддршка на домашната економија, човечки ресурси, за кои нема информација колкав е нивниот број и колкави се надоместоците за нив на грбот на граѓаните.
(VI
Малите фирми едвај работат со по 1 -2 вработени. Средните фирми работат со десетици вработени. Но затоа Генералниот секретаријат на Владата работи како фабрика, со неколку илјади вработени и со таа разлика што секретаријатот ништо не произведува, ниту има потреба да заработи плати, туку влече пари на граѓаните, од државниот буџет.

Додека граѓаните живеат во сиромаштија, фирмите се борат за гола егзистенција, стопанството тоне, еве вака функционира делче од тешката машинерија на Никола Груевски и неговата власт.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата