Србија ќе го реши Јужен поток

Од:

Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека ќе иницира директен контакт со рускиот колега Владимир Путин за судбината на гасоводот Јужен поток.

– Треба мирно да седнеме и да разговараме со Русија. По тој повод ќе иницирам директен контакт со претседателот Путин, изјави Николиќ во интервју за весникот „Вечерње новости“.

Тој нагласи дека прво треба да се види дали воопшто ќе се гради Јужен поток и да се анализира договорот, додавајќи дека не може само Србија да има последици од изменетите околности.

Николиќ истакна дека „иако е русофил, тоа не значи дека ќе ги запостави српските интереси во корист на Москва“, потенцирајќи дека е убеден оти меѓу двете земји „секогаш е можен договор, па дури и околу ревизија на договорот“.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ