Николиќ: Ќе бараат да го признаеме Косово за членство во ЕУ

Од:

Апсолутно сум сигурен дека ќе се најдеме пред избор или Косово или Европа и на тоа треба да сме подготвени, изјави српскиот претседател Томислав Николиќ.

– Брисел ќе не соочи со признавање на Косово и треба да сме подготвени на тоа. Затоа треба што побрзо да постигнеме национален консензус и веќе е време да разговарам со премиерот Вучиќ, истакна Николиќ во интервју за весникот „Вечерње новости“.

Запрашан дали би предводел држава која ќе се откаже од Косово поради членство во ЕУ, тој одговорил дека не би учествувал ниту во Влада која би ја признала независноста на Косово и „која би мерела дали ќе добиеме повеќе евра ако се откажеме од него“.

Николиќ додаде дека меѓу луѓето кои имаат некакво значење во српската политика не гледа ниту еден кој би се откажал од Косово и „од се она што не прави Срби“.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ