Словенската скијачка Тина Мазе победи на класичниот спуст во канадскиот Лејк Луис, нејзина втора победа во сезоната која само што започна.
Таа заврши 0.47 пред актуелната шампионка од Светскиот куп, Австријката Ана Фенингер, додека враќањето во форма го потврди и Тина Вајратер со третото место.