Вчера попладне, скопјанецот Реџеп Б. бил нападнат и избоден со нож. Инцидентот се случил на булеварот Крсте Мисирков кај трговскиот центар Мавровка во Скопје, информираат од МВР.
Случајни минувачи вчера околу 18:00 го виделе скопјанецот како лежи во локва крв и откако повикале полиција повредениот скопјанец го пренеле во болница.
Лекарите констатирале убодни рани на телото на Реџеп Б. и скршеница на едната нога.
Полицијата работи на пронаоѓање на напаѓачот.