СДСМ одговара на Вељаноски и Димовски: Ако имаше договор, ќе немаше ултиматуми

Од:

После денеска изнесените ставови на претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, и на Илија Димовски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ реагираше, порачувајќи им на двајцата дека ВМРО-ДПМНЕ владее со насилие, а нивните тврдења за мандатите на избраните пратеници од опозицијата ги негира фактот дека имало серија ултиматуми од Вељаноски.

„Трајко Вељаноски кој насилно исфрли пратеници од Собранието, Илија Димовски, извршител на највалканите спинови на Никола Груевски, и двајцата членови на партијата ВМРО-ДПМНЕ којашто владее со насилие и не почитува никого и ништо во земјава, па ни Уставот кога е во прашање нивниот интерес, сега сакаат некој да им поверува дека тие биле добри и фини кон опозицијата, затоа што опозицијата ги замолила за тоа?!

Ако имало договор меѓу власта и опозицијата за одложување на констатирањето на оставките, зошто беа серијата ултиматуми од Трајко Велјаноски до пратениците од опозицијата за враќање во Парламентот, за што е сведок целата јавност?

Одговорот е еден. Трајко Вељаноски и Илија Димовски лажат.

Немало никаква комуникација со СДСМ за наводно одложување на констатирањето на оставките на пратениците.

Позициите на СДСМ и опозицијата се кристално јасни од моментот на нерегуларните избори, кога СДСМ соопшти дека не го признава изборниот процес. Поднесени се оставки до Собранието, коешто на чело со Велјаноски насилно ги верификуваше пратеничките мандати на опозицијата.

Груевски, Велјаноски, Димовски не можат да се помират со цврстиот и конзистентен став на СДСМ и опозицијата да не ги прифати пратеничките мандати.

Еве ја изјавата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов дадена на денот кога лично Велјаноски го одложи констатирањето на оставките на опозицијата, што е потврда за лажните изјави на Трајко Велјаноски и Илија Димовски:

„Иако Никола Груевски, на различни начини, најавуваше дека веднаш по констатирањето на оставките, власта ќе распише вонредни избори за пополнување на испразнетите места на опозицијата, тоа не се случи.

Со денешната одлука, да не се констатираат оставките на пратениците, може слободно да се заклучи дека Груевски е подготвен да разговара за барањата на опозицијата.

Оттука следно што се очекува е одржување средба на којашто претседателот Заев ќе ги соопшти барањата на опозицијата, што ќе бидат теми на можните разговори за надминување на последиците од нерегуларните избори.

Потенцираме дека политичкиот дијалог што се водеше помеѓу власта и опозицијата изминатата година и договорите што беа постигнати, не беа практично реализирани, напротив беа несовесно злоупотребени од страна на Груевски.

Затоа, се што евентуално ќе се договора во иднина, ќе се смета за договорено, само ако во спроведувањето на договореното, биде целосно вклучена опозицијата и при тоа гарант биде претставник на Европската унија“, гласи изјавата на Шилегов, порачува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

СДСМ: По дебаклот со раздвојувањето на Албанија и Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прави граѓаните будали

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ