Светската скијачка федерација (ФИС) ги откажа трките во Франција што требаше да се одржат следниот викенд поради топлото време и недостигот на снег. Но, во предвидениот термин сепак ќе се „возат“ трките во Оре, Шведска.
Мажите требаше да се натпреваруваат во Вал Д‘ Изер во слалом и велеслалом, додека жените требаше да се натпреваруваат во истите дисциплини во Куршавел.
Новите организатори трките ќе ги одржат од 12 до 14.декември. Во петок ќе бидат трките во велеслалом во двете конкуренции, во сабота е закажан женскиот слалом, а во недела машкиот слалом.
Овој викенд натпреварите се одржуваат на американскиот континент, мажите имаат натпревари во Бивер Крик (САД), а жените во Лејк Луис (Канада).