Најновиот број (53) на Меѓународното списание „Диоген про култура“, целосно е посветен на сликарството на македонскиот писател Христо Петрески.
Имено, во списанието „Диоген про култура“ се објавени над 100 слики од Христо Петрески и тој е наречен уметник на иднината. Всушност, целиот број на списанието му е посветен на Петрески и е публикуван како специјален број, односно темат и каталог на неговото најново ликовно творештво.
Инаку, Христо Петрески е покренувач и организатор на Меѓународната мултимедијална колонија во Битола и на Галеријата на познатите и Креативниот центар во Скопје. Тој има изложувано свои ликовни дела во Битола, Радовиш, Скопје, Ресен и Кавадарци, а до крајот на годинава ќе има изложби и во Демир Капија и Прилеп.