Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и политика на соседство Јоханес Хан изутринава во рамки на официјалната посета на Босна и Херцеговина се сретнаа со претставици на организациите на цивилното општество.
Тие во текот на денот ќе се состанат со лидери на институциите и политичките партии, со кои ќе разговараат за реформите и процесот на европски интеграции на БиХ.
Могерини во пресрет на посетата на Сараево изјави дека БиХ по неодамна одржаните избори има можност повторно да го продолжи процесот на реформи за да одговори на очекувањата на граѓаните и да го продолжи својот пат кон ЕУ.
Хан нагласи дека посетата има за цел да се изрази поддршка на европските интеграции на БиХ.