Голем интерес за изложбата на Качев и Кашавелски во Софија

Од:

Во Културниот центар на Софискиот Универзитет, пред многубројна публика, синоќа беше отворена изложба на македонските ликовни уметници Константин Качев и Синиша Кашавелски.

Заедничкиот концепт на Качев и Кашавелски, кои ги изложуваа своите дела од циклусите „Емигрант” и „Богатството на таинствениот”, предизвикува голем интерес кај софиската публика, која со часови ги исполнуваше двата павиљона на Културниот центар на Софискиот Универзитет.

Двајцата ликовни уметници, добитници на бројни домашни признанија но и на највисоките одличја на престижниот Зимски Салон во Париз, прв пат се претставуваат пред публиката во Бугарија.

На изложбата присуствуваа бројни професори по ликовни уметности, уметници, ликовни критичари, студенти, љубители на уметноста. Изложбата која ја отворија проф. александар Ќосев, познат културолог и директор на Културниот центар „Алма Матер” и директорот на Македонскиот културен Центар Васко Шутаров, го потенцираа значењето на оваа изложба и заеднички очекуваат уште бројна публика, до 8 Јануари, кога изложбата завршува.

Претставувањето на Константин Качев и Синиша Кашавелски во Бугарија е помогнато од Министерство за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски