На подрачјето на Скопје 6 сообраќајки за 24 часа

Од:

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди.

Од нив, две се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, четворица сопатници, двајца пешаци и еден возач на мопед.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 17 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, тројца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и двајца возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие два дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 52 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на своите активности ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Наум Наумовски Борче“ кое се наоѓа во населбата Маџари на територијата на општина Гази Баба.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Во сабота со почеток во 19 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу Вардар и Брест Мешков, Белорусија. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот. 

Би можело да ве интересира

Прилепчанец е повреден во сообраќајка близу Драчево

Жена од Скопје со „спарк“ излетала од пат во Кратово, со тешки повреди завршила во болница

На автопатот Тетово-Скопје загина 24-годишен возач од Свети Николе

Момче и девојка повредени во сообраќајка на автопатот Велес-Градско

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка во Демир Хисар