Британското кралско семејство „можеби и нема кралска крв“, тврдат експертите кои вршеа ДНК анализа на коските на средновековниот англиски крал Ричард Трети.
Научниците од Универзитетот во Лестер, при испитувањето на потеклото на скелтетот, што во 2012 година беше случајно откриен под еден паркинг простор во англискиот град Лестер, потврдија дека коските му припаѓаат на кралот Ричард. Но во потрагата по идентитетот, ДНК тестовите што беа направени, покажаа оти „некогаш и некаде“ имало прекин во кралското крвно наследство, што се одразува и врз кралското потекло на потомците во следните генерации.
Земени се примероци од петмина анонимни потомци, наследно поврзани со сегашниот војвода од Бофорт,кои откриваат дека при проверката на „машката линија“ некој има ивршено прељуба, а од таа љубовна афера има потомок кој не се врзува за потомството на кралот Ричард.
Тоа значи дека кралската крвна линија е прекината, иако според научниците е речиси невозможно да се утврди кога тоа се случило.
Анализите откриваат дека ако тоа се случило во времето, кога на англискиот престол бил Едвард Трети (1312-1377) тогаш излегува дека англиските владетели, како Хенри Шести, Ханри Седми и Хенри Осми, сите од династијата Тјудор, кои секако имале „кралска крв“ можеби немале право да бидат на англискиот престол.
Малку е веројатно, дека без таквото право, Хенри Седми ќе можел да собере војска за битката кај Босфорт, во која Ричард Трети (1452-1485) загинал. Тоа, пак, значи дека во тој случај, англикста историја би можела да биде сосема поинаква од онаа што Англичаните и Британците ја познаваат.
Доколку редот на работите одел така како што тоа сега го откриваат современите научници, последиците по правото на наследување на тронот,го погодува и актуелното, британско кралско семејство, за кое се знае дека има директна крвна врска со династијата Тјудор.
Експертите од Универзитетот во Лестер откриваат дека анализа на ДНК правеле според наследната линија на Едвард Трети, затоа што е познато дека Ричард Трети немал деца и не оставил свој наследник. Анализата со хромозомот „Y” кој се пренесува по машка линија, од татко на син, требало да покаже дека Едвард и Ричард се со ист ДНК, но денешните откритија тоа не го потврдуваат.
Медиумите во Британија се занимваат со случувањата по и пред кралот Ричард Трети, па така и со тоа дали сегашното кралско семејство има „кралско потекло“ и има „право да биде на престолот“.
Бакингамската Палата во Лондон која е службена резиденција на кралицата Елизабета, одбива да ги коментира откритијата на научниците.