„Астон Мартин БД10“ е новиот автомобил на Џемс Бонд

Од:

Првите детали за новиот филм од серијалот за британскиот агент 007 денеска се објавени во Лондон, а продуцентите во текот на свеченоста го открија новиот автомобил на Бонд – „Астон Мартин“.

Љубителите на автомобили најмногу ќе ги интересира типот на автомобилот што ќе го вози Џејм Бонд, со оглед на тоа дека во претходните филмови беше уништен неговиот класичен „Астон Мартин ДБ5“.

Традицијата не е изневерена, па и овој пат е избрана познатата британска марка спортски автомобили, но и целосно ново возило „БД10“.

„Астон Мартин“ соопшти дека автомобилот го најавува новиот дизајн на идните модели на овој производител.

Филмскиот „ДБ10“ има модерни спортски линии, а автомобилот од некои агли потсетува на „Јагуар Ф-Tајп Купе“.

Вљубениците во филмовите на Џејмс Бонд и „Астон Мартин“ ќе мораат да бидат трпеливи уште една година, до премиерата на новиот филм или првиот трејлер, за да уживаат во филмските кадри на овој автомобил.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ