Во присутво на повеќе илјади лица синоќа пред центарот „Рокфелер“ во Њујорк свечено беше осветлена божикната елка.
Елката е висока 26 метри и тешка е околу 13 тони, а украсена е со 45.000 лампи, што ќе светат до 7 јануари. Осветлената елка во центарот на Менхетен за многумина претставува симболичен почеток на празничната сезона. Дрвото, како и вообичаено е норвешка смрека, а е старо 90 години.
Меѓу музичките ѕвезди кои оваа година настапуваа на традиционалното вклучување на декоративното осветлување беа Мараја Кери и Синди Лопер, а прикажани се и видео перформанси на Лејди Гага и Тони Бенет.
Истовремено, на соседните Петта и Шестта авенија се собраа голем број демонстранти кои протестираа поради одлуката на големата порота, да го ослободат њујоршкиот полицаец кој уби невооружен Афроамериканец. Силно полициско обезбедување присустуваше на улиците, а на неколку места беа поставени барикади.