(ВИДЕО) СДСМ: Вељаноски, прекини ја пародијата и констатирај ги оставките

Од:

„Ова што се случува во Собранието наликува на пародија. Собранието ќе оценувало дали пратениците од опозицијата кои се во оставка, се оправдано или неоправдано отсутни!

Станува збор за трагикомичен обид на собранискиот спикер да го замаскира кршењето на Уставот кое тој самиот го стори во период од повеќе од 6 месеци, кога оневозможи престанок на нашите мандати“, изјави на денешната прес-конференција Рената Дескоска, пратеничка и членка на Извршниот одбор на СДСМ.

„Да потсетиме опозицијата јасно стави до знаење дека нема да ги легитимира нерегуларните парламентарни избори!

Пратениците на опозицијата лично поднесоа писмени оставки, кои собранискиот спикер според Деловникот беше обврзан да ги констатира на првата наредна седница.

Со своите постапки собранискиот спикер е причинителот на сегашната лакрдија. Со неговото неодговорно однесување им е нанесена штета на избраните пратеници чиј мандат не може да престане, нанесена е штета на Буџетот и најважно од се погазен е Уставот и владеењето на правото. Собранискиот спикер се однесува како уставот да не важи за него.

Ситуацијава во која е вовлечен Трајко Вељановски и владејачкото мнозинство наликува на доцна фаза од човек што пропаднал во жива песок. Колку повеќе мрда, толку повеќе тоне. Една злоупотреба раѓа потреба од нова злоупотреба за да ја покрие претходната.

Затоа, го повикуваме собранискиот спикер да не си ја отежнува положбата и да не навлегува во нови злоупотреби. Го повикуваме да го направи она што Уставот му го налага: да ги констатира пратеничките оставки. На тој начин ќе си обезбеди една олеснителна околност кога ќе биде повикан на одговорност за злоупотребите што ги има направено“, рече Дескоска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога