Ликовна работилница „Цветна патека на мирот“

Од:

Ликовна работилница „Цветна патека на мирот“ посветена на учениците, родителите и наставниците, денеска се одржа во основното училиште „Круме Кепески“ во општина Кисела Вода.

На работилницата со учениците од шесто одделение гостин беше познатиот македонски сликар, хуманист и миротворец Живко А. Поповски – Цветин, кој ја промовираше неговата најнова слика „Цветна патека на мирот“ долга 36,13 метри и широка 10,5 сантиметри.

Досега Поповски има подарено над 45.000 слики (кои заедно се долги 90 км), а ги подарил за ширење на мисијата на мирот и хуманоста во светот. Во изминатите 30 години има организирано над 200 изложби и ликовни работилници во основните училишта во Македонија, ширејќи ја пораката за мир, хуманост, разбирање, соживот меѓу учениците, нивните родители и учителите.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска