Неодамна, и сосема неочекувано, либанската шиитска организација Хезболах објави дека еден од нивните борци бил заробен од Фронтот Ал Нусра, поврзана со Ал Каеда, и бил ослободен во замена за двајца борци на Ал Нусра кои исто така биле заробени. И затоа новинските куќи кои се поврзани со либанската организација ја прославуваа оваа нова „божествено судбинска победа“, уште една во долгата листа на победи кои постојано и гласно ги објавува оваа група, која по се изгледа не страда од никакви порази.
Сепак, овие медиуми беа малку збунети, па дури и нервозни, кога станува збор за луѓето кои грабнале еден од членовите на Хезболах: дали тоа биле „вооружени борци“, „слободна армија“ или едноставно само „Ал Нусра“? Збрката стана посебно голема кога организацијата зобруваше за преговорите кои ги водела за ослободувањето на својот борец. Оваа збрка е несомнено поврзана со улогата на организацијата во конфликтот во Сирија, со што се разјаснуваат борјни претходни збркани информации.
Нешто претходно, Хезболах успешно ја спречи либанската влада да преговара со Фронтот Ал Нусра во врска со ослободувањето на либански војници кои Ал Нусра ги грабнала во август. Но, еве сега го прави она што претходно и го забрани на владата да го прави, со што ја провоцира земјата – или она што остана од неа – и ја слави размената на овој затвореник – а деталите сеуште остануваат нејасни – токму пред очите на семејствата на оние либански војници кои се уште се држат заробени.
Па кои се деталите од овие преговори? Зошто Либан дозволи оваа размена да се случи кога за оние борци од Ал Нусра кои биле ослободени се знае дека биле инволвирани во грабнувањето на либанските војници? Зошто ослободувањето на овие борци не се зема како случај на „потклекнување на либанската држава“ кога пратеникот на Хезболах Мохамад Раад ја критикуваше идејата за преговори на либанската влада со екстремистичката организација? И она што е најважно, зошто исходот од размена на затвореници на либанската влада со Ал Нусра ќе се смета за пораз и за нешто забрането, додека она што го сторила Хезболах за победа и ептен дозволено; која е тука разликата?
На овие прашања секој ќе се запраша колку силно влијание Хезболах има врз владата на Либан кога станува збор за учеството на првите во сирискиот конфликт. Уште еднаш владата беше немоќна околу ова прашање, во овој случај со ослободувањето на војникот на Хезболах кој бил заробен во Сирија над своите војници, кои биле заробени во Либан од сила која врши инвазија, додека владата се обидува да ги одбрани своите граници и својот народ. Едноставно е неможно да се прави споредба помеѓу двете нешта: додек Хезболах успева во наметнување на својата агенда врз либанската влада, вториве само успеваат да обезбедат прикривање за шиитиската група; и кога манијакалната медиумска машинерија на Хезболах го славеше враќањето на еден член на групата, семејствата на оние грабнати војници тонат во тага и грижи за судбината на своите сакани. Ним сега мора да им е кристално јасно дека либанската влада ги смета своите грѓани за второкласни.
Оттука гледаме како самиот Либан е надор од пошироката слика. Оние кои сметаат дека не е реално да се прави споредба помеѓу либанските војници и борците на Хезболах, само ја одразуваат злобноста на повисокиот ред. Како излезе Хезболах да е надвор од контрола на државата, кога е таа која го контролира донесувањето на одлучувањето во Либан и на судбината на државата?
Сите овие залудни муабети потсетуваат на многуте слики кои се налепени по ѕидовите во Либан, за млади мажи кои загинале во сиријскиот конфликт, кои ни кажуваат дека овие мажи во Сирија загинале како „маченици“, а не знаеме кога, како, па дури ни зошто загинале.
Мистериозноста на Хезболах околу нејзината ролја во сиријскиот конфликт отвара други прашања и опасности за Либан. На крајот, либанската организација се бори во овој конфликт и либанците не целосно ја знаат нејзината вклученост или загубите, ниту пак вистинската природа на незината мисија тука. Либанците на крајот мора едноставно да ги дознаат резултатите од сето ова, без да бидат консултирани за тоа. И либанците ја плаќаат цената со нивната безбедност и нивните животи, исто како и сиријците. А грабнатите либански војници се само дел од сето ова, во суштина грабнати од две терористички организации, делумно по цената која сите ја плаќаме и ќе ја плаќаме. И како ставањето сол на раната од навредата, да се потсетиме на фактот дека Хезболах има право да преговара за ослободувањето на своите борци, но владата на Либан нема право да преговара за ослободувањето на нејзините војници.
Ал Баваба – Аман