Ховит и Вајгл во посета на Македонија

Од:

Пратеникот во Европскиот парламент и поранешен известувач за Македонија Ричард Ховит денеска во ЕУ-инфо центарот во Скопје ќе одржи предавање.

Како што информираат од ЕУ-инфо центарот, на предавањето на британскиот европратеник ќе присуствуваат претставници на владини институции, на граѓанското општество, како и од амбасадите на ЕУ-членките.

По предавањето Ховит ќе одржи заедничка прес-комференција со Иво Вајгл кој е новиот известувач во Европарламентот за Македонија.

Ричард Ховит вчера се сретна со премиерот Никола Груевски, со кого, како што соопшти владината прес-служба, позитивно ја оцениле досегашната соработка, изразувајќи заложби за продолжување на комуникацијата на теми од заеднички интерес.

Би можело да ве интересира

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија

Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник за Европска Унија