Иранските хакери се повеќе се усовршуваат за изведување кибер напади и веќе украле тајни податоци на владини служби и компании во многу држави, меѓу кои и САД, Кина и Франција, соопшти американската компанија за интернет безбедност „Силанс“.
Според компанијата, хакери стационирани во Техеран веќе две години работат на проекот на кибернетски напади наречен „Секира“. Тие успеале да „влезат“ во компјутерските системи на голем број влади, владини институции и компании.
Покрај трите спомената земји, на долгата лисата на земји кои биле цел на нападите на иранските хакери се и Израел, Саудиска Арабија, Германија, Индија, Јужна Кореја и Пакистан.
Нападите биле вршени врз компјутрески системи на влади, владини институции, компании од одбранбениот и нафтениот сектор, како и врз стратешки инфрастуктурни објекти, како аеродорми или болници.
Според „Силанс“, ваквата иранска кибер офанзива е одговор на обвинувањата и критиките упатени од Западот кон Техеран поради неговата спорна нуклеарна програма.
Неколку големи американски компании, меѓу кои и „Епл“ и „Џеј-Пи Морган“, неодамна соопштија дека биле цел на хакерски напади, чие потекло не било утврдено.
Компанијата „Сони Пикчерс“, во меѓу време, информира дека минатата недела била цел на кибер напади на хакери, кои користеле техники „какви што вообичаено користи Северна Кореја против Јужна Кореја“.
Американските владини служби засега не утврдиле дали за кибер нападот врз „Сони Пикчерс“, што се случил на 24 ноември, е одговорна Северна Кореја.
Нападот врз „Сони“ доаѓа еден месец пред премиерата на нејзиниот филм „Интревју“, во кој се говори за двајца новинари кои ги врбува ЦИА за да го убијат севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.