Македонската женска ракометна репрезентација вчеравечер загуби на гостувањето во Исланд со убедливи 33:23 и како последна ќе заврши во квалификациската група за пласман во баражот за СП 2015 година.
Домаќинките беа фаворитки, иако нашите ракометарки заминаа со надеж дека ќе можат рамноправно да конкурираат, и да се надигруваат. Исланд брзо поведе со 4:0, потоа имаше и плус шест (9:3), а на полувреме резултатот беше 17:12.
Вторите 30 минути почнаа со серија од 5-1 за Исланѓанките кои во 40.минута првпат имаа и двоцифрена предност (26:16) која ја задржаа до крајот на мечот.
Робертина Мечевска со 6, Зорица Десподовска со 4 и Марија Штериова со 4 голови беа најефикасните во нашиот состав.
Исланд со оваа победа го потврди баражот, а втора во групата ќе заврши Италија која двапати ја совлада Македонија и двапати загуби од Исланд.
Последниот натпревар од групата е в сабота во Скопје меѓу Македонија и Исланд.