Заев: На лицата со хендикеп им се потребни конкретни мерки, а не само декларативни заложби

Од:

„Почитувани сограѓани, телесно инвалидизирани лица, лица со оштетен вид,  лица со оштетен слух (глуви и наглуви), лица со пречки во говорот, гласот и јазикот, лица со аутизам, лица со Даунов синдром, лица со пречки во психофизичкиот развој и други лица со посебни потреби,

Денешниот Светски ден на хендикепот е Ваш ден, но 3. Декември е само еден од многуте денови во една календарска година. Вие ги заслужувате и останатите 364 денови во годината, бидејќи сте луѓе како и сите останати, бидејќи сте дел од нашата заедница и нашето општество.

Вие имате право на достоинствен живот и сите останати со закон утврдени права, како и оние кои се дел и од меѓународните конвенции. Наша задача е да ги почитуваме тие Ваши права и соодветно да одговориме на сите Ваши неопходни потреби и барања. Социјализацијата, инклузивноста и обезбедувањето идеални услови за непречено одвивање на Вашите животи, треба и мора да бидат наш приоритет.

Вам, лицата со хендикеп, не ви се потребни само декларативни заложби, туку конкретни мерки кои ќе бидат по Ваша мерка. Во таа смисла, јас и Општина Струмица, секогаш сме биле, сме, и ќе бидеме  на Ваша страна.

Нека ви е честит 3. Декември – Светскиот ден на хендикепот“, се вели во честитката од градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, до лицата со посебни потреби по повод Светскиот ден на хендикепот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он