На Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска во присуство наамбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Волерс, амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет, претседателот на Судскиот совет, Александра Захариевска и проректорот на универзитетот, беше отворена модел судница, која ќе служи за практична настава на студентите, но и за редовните обуки на судиите и обвинителите од штипското Апелациско подрачје.
Амбасадорот Волерс истакна дека реализирањето на овој значаен проект за студентите е реализиран со помош на од УСАИД – Агенцијата на САД за меѓународен развој, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите при Стејт Департментот на САД и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
– Ова ќе биде младинска судница, каде што студентите ќе можат да ги унапредуваат практичните вештини и да се тренираат за идни судии, обвинители и адвокати, изјави Волерс.
Амбасадрот на ОБСЕ, Брет истакна дека реализирањето на модерната модел судница е резултат на добрата соработка.
– Мора сите можности да се искористат до крај за да се унапреди судството и да се искористат сите модерни методи за да се постигнат подобри резултати, вели Брет.
Проректорот на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Блажо Боев вели дека реализацијата на практичната судница на Правниот факултет е во насока на модернизација на едукацијата, а од друга страна овој факултет да го отворат кон судиите и обвинителството со цел да имаат поголема практична настава.
Деканот на Правниот факултет, Јован Ананиев истакна дека модел-судницата е опремена со најсовремена опрема за тонско и видео снимање на судски постапки, систем за видео-конференцискаврска и одржување на предавања на далечина и систем за заштита на сведоци.Судницата е единствена од ваков карактер во Република Македонија и е наменета зареализација на практични вежби на студентите на Правниот факултет преку симулација на судења, за обука на судии и јавните обвинители од страна на Академијата за судии и јавни обвинители на РМ, како и за одржување на судења на Основниот и Апелациониот суд во Штип.